Поврзете се со нас

Шпанија

Брахим Диаз нема да ја чека Шпанија, решил да го искористи двојното државјанство

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Брахим Диаз настапуваше за младинските категории на шпанската репрезентација, но веќе нема да чека за соодветна шанса во сениорскиот состав и во иднина ќе настапува за Мароко.

Фудбалерот на Реал Мадрид добил индиректни сигнали од Шпанската федерација дека нема да биде приоритет за селекторот Луис де ла Фуенте, па затоа ќе ја искористи можноста да настапува за африканската селекција.

Мароканците импресионираа со својот настап на последниот мундијал, а дополнително го посакуваат Брахим, со кого би добиле сериозно засилување наредниот период.

Диаз веќе дебитираше за шпанската сениорска репрезентација, но според правилата на ФИФА, има право да го промени националниот тим и може да го искористи двојното државјанство за такво нешто.

Ваквиот епилог најмалку му одговара на Реал Мадрид, бидејќи потенцијално ќе треба да го ослободи фудбалерот за Африканскиот куп на нации во јануари, период кога екипите обично имаат густ распоред на натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни