Поврзете се со нас

Свет

Брага со спектакуларна промоција на звучно фудбалско име: Нико се врати во Португалија управувајќи авион (Видео)

Објавено

на

Нико Гаитан важеше за еден од најголемите фудбалски таленти на почетокот на деценијата која измина, а како голема ѕвезда на Бенфика, во 2016-та година го направи и трансферот на кариерата, преминувајќи во Атлетико Мадрид.

Аргентинецот не се изнаигра во составот на Чоло Симеоне и брзо стана јасно дека ќе мора да бара нова средина, па по неколку години минати во Далијан, Чикаго и последно Лил, сега се врати во првенството во кое фудбалски се етаблираше.

Гаитан ќе се врати во многу добро позната лига, и тоа како звучно засилување за амбициозната Брага која последната сезона ја заврши како третопласираната на табелата.

Нико пристигнува во Брага како слободен агент и потпиша едногодишен договор со опција за уште една дополнителна, но сепак она што посебно воодушеви е промотивниот спот кој го искористи Брага како најава за големото засилување.

Новата „10-ка“ на Брага управуваше авион и им порача на фановите на Брага дека е подготвен за новиот предизвик, а рекламниот материјал е до толку добар, што истиот експресно стана топ тема во Португалија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни