Поврзете се со нас

Свет

Божовиќ: Жени судии? Тоа не е работа за нив

Објавено

на

foto:x.com/premierliga_en

Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Миодраг „Гроф” Божовиќ даде свое мислење на една интересна тема, тренд во светот на фудбалот, а тоа се жени судии на натпреварите во машка конкуренција.

Божовиќ кој долго време е во овој фудбалски бизнис не се согласува со ова и изнесе став за кој може да претрпи сериозни критики.

-Тешко ми е да проценам како тие судат и како се справуваат со оваа работа. За мене жената треба да работи некоја друга работа, а не да се занимава со фудбал. Ама кој сум јас да го кажам тоа кога сега е тренд во светот. Најголема сатисфакција за жената е кога одгледува деца, се грижи за семејството, додека мажот работи.

-Но сега гледаме жени насекаде – дури и на работни места кои традиционално се резервирани за мажи. Тоа е чудно. На Запад поради ваквиот став ќе ме нарекуваат сексист, но јас сум човек од стара школа, -порачал Црногорецот за за порталот „Спорт24“.

Стефани Фрапар од Франција е најпозната, најреномираната женска судијка во овој момент, а кога се работи за нашата сцена, па и пошироко најдобра е Ива Пројковска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни