Поврзете се со нас

Свет

Божиќна карате магија за најавните шпици: Хрватот Вушковиќ постигна гол за паметење во Бриж (Видео)

Објавено

на

Англискиот „Боксинг деј“ не е единственото фудбалско случување во Европа, бидејќи елитен фудбал за време на Божиќ е игра и во Белгија.

Клуб Бриж и Вестерло се погрижија за вистински фудбалски спектакл на „Јан Брејдел“ стадионот и режираа натпревар со седум гола, а убедливо најубав беше оној на младиот хрватски стопер.

Лука Вушковиќ му донесе израмнување од 2:2 на својот тим на стартот на вториот дел од гостувањето кај Бриж, и тоа со мајсторија која лесно може да се најде на најавните шпици во Белгија.

Иако станува збор за стопер, Вушковиќ денеска го постигна шестиот гол од стартот на сезоната, а тоа што има само 17 години го прави ова ремек-дело уште поспецијално.

Талентираниот Хрват се истакнува како стопер со карате манири, бидејќи ова попладне режираше акробатска магија на која сигурно ќе биде горд и Златан Ибрахимовиќ.

За негова несреќа, истиот не беше доволен за бод на Вестерло, бидејќи до крајот паднаа уште три гола, а Клуб Бриж славеше во драмата со 4:3.

Магијата погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни