Поврзете се со нас

Македонија

Божидар Мојсов e именуван за нов тренер на Прилеп

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Рк-Прилеп-2010

Македонскиот прволигаш Прилеп 2010 го реши најважното прашање и го назначи Божидар Мојсов за нов тренер на екипата.

Мојсов долго време работеше во Битола, прво како помошен тренер во Еурофарм Работник за да потоа по спојувањето биде дел од Пелистер каде имаше можност преку натпревари во различни натпревувања да собира искуство, знаење кои сега ќе има можност да ги пресене во составот на Прилеп.

Прилепчани досега повлекоа неколку потези, ангажирани беа Давид Ацевски, Никола Цветаноски, Драган Јелушиќ и Томче Трајчевски, додека соработката беше продолжена со Филип Велески, Иван Ангелески, Антонио Бурчески и Христи Бикоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни