Поврзете се со нас

Италија

Бове не сакаше маички во негова чест, па соиграчите му се обратија со банер од теренот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Играчите на Фиорентина излегоа на теренот четири дена по шокантните сцени на „Артемио Франки“, но спомените од колапсот на Едоардо Бове очигледно се уште беа свежи и влијаеа врз играта на тимот кој го води Паладино.

„Виолетовите“ неочекувано претрпеа елиминација во Копа Италија од локалниот ривал Емполи, откако гостите успеаја да извлечат 2:2, а потоа да бидат поуспешни во пенал рулетот.

Сосема очекувано, фудбалскиот декор на трибините беше во чест на Бове кој се уште е на интензивна нега и се рехабилитира од претрпениот шок, но по негово барање, соиграчите од првиот тим не излегоа на теренот со стандардни маички за искажување поддршка.

Бове не сакал да биде во прв план и побарал од играчите и од клубот да не се печатат маички во негова често, па затоа првотимците на Фиорентина решија да излезат на теренот со банер на кој сепак имаа порака за својот сакан Едо.

– Не сакаше маика, па еве банер за тебе. Едо, те чекаме тука, – му порачаа играчите на Фиорентина.

Инаку, кореографија во чест на Бове подготвија и страствените тифози на Фиорентина, кои на главната трибина го потенцираа бројот „4“ во боите на клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни