Италија
Бове колабираше на „Артемио Франки“, играчите на Фиорентина и Интер плачеа на теренот (Видео)
Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер беше најавуван како големо дерби во Серија А, па тоа што требаше да претставува фудбалски празник во Фиренца, по 15 минути игра се претвори за кошмар за сите на теренот и трибините.
Во моментите кога имаше ВАР проверка за еден поништен гол на Лаутаро Мартинез, следниот телевизиски кадар ни презентираше како Едоардо Бове со загубена свест лежи на теренот, по што следеше алармантна реакција од сите играчи кои беа околу него.
Фудбалерите на двата тима веднаш бараа брза асистенција од лекарите и се обидоа да помогнат во прв момент, по што заедно решија да оформат круг за да не се гледаат немилите сцени за време на лекарските интервенција.
Во овие моменти, дел од играчите на Интер и Фиорентина плачеа на теренот, а по неколку минути, Бове беше итно префрлен во болница со амбулантно возило, а натпреварот и официјално прекинат.
Официјалната информација е дека денеска нема да има фудбал на „Артемио Франки“, па допрва ќе се одлучува кога истиот ќе биде доигра.
Во овој момент, тоа навистина е во втор план, бидејќи цела Италија исчекува први вести за здравствената состојба на 22-годишниот Едоардо Бове.
Страшното видео погледнете го ТУКА
🚨🚨🚨 Suspendido el Fiorentina – Inter después de que Eduardo Bove haya empezado a convulsionar en el terreno de juego pic.twitter.com/Fkeyg0eNDE
— MARCA (@marca) December 1, 2024
-
Светски првенства19 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија16 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Светски првенства6 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
ВТА21 час
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Шпанија18 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Англија17 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија8 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
АТП23 часа
Тениска драма: Медведев се „врати од мртвите“, па загуби на болен начин во 3 часот наутро (Видео)