Поврзете се со нас

Италија

Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Едоардо Бове ги преплаши фудбалерите, своите најблиски и целата фудбалска јавност откако колабираше без контакт на дуелот меѓу Фиорентина и Интер, но позитивно е што сега е во добра здравствена состојба и без последици од случувањата минатиот викенд.

Членот на „виолетовите“ добро се рехабилитира, а италијанските медиуми тврдат дека прифатил да му биде вграден мини дефибрилатор, со кој во иднина ќе биде избегната ситуација како таа на „Артемио Франки“.

Тоа би значело дека Бове ќе го следи примерот на Кристијан Ериксен и уште неколку спортисти кои ја користат напредната медицинска технологија, за да избегнат проблеми со престанок на работата на срцето.

Од друга страна, ако Бове навистина го направи овој чекор, ќе мора да го следи и вториот чекор на Ериксен, а тоа е да ја напушти Италија.

Законите на „чизмата“ не дозволуваат учество на спортисти со ваков уред, па фудбалерот ќе мора да бара предизвик во друга земја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни