Поврзете се со нас

Италија

Бове го прекина молкот после две недели: Фудбалот е повеќе од игра (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Едоардо Бове колабираше на теренот за време на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во Серија А, но две недели подоцна, младиот играч за врска беше ослободен од болница и пуштен на домашно лекување, откако претходно докторите му имплантираа уред за следење на срцевиот ритам.

Колапсот кој го доживеа Бове ги потсети фудбалските фанови на низа траорни моменти кои се случија во последните неколку години, а најважно од се е тоа што Едоардо ја доби оваа битка и излезе како победник во директната битка со смртта.

Откако беше отпуштен од болница и се појави во тренинг центарот на Фиорентина, Бове сега реши да го прекине молкот и официјално да се обрати до цело фудбалско семејство, заблагодарувајќи се за сета љубов кој ја почувствувал во изминатиов период.

– Здраво на сите, имав можност длабоко да размислувам во овие тешки денови за мене. Обраќањето на социјалните мрежи не е природно за мене, но сакам да се обратам после нешто што длабоко ме погоди. Непријатниот настан кој се случи за време на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер уште еднаш покажа, повеќе од било кога, дека фудбалот е повеќе од игра, шампионат или кариера.

– Фудбалот е општество, општество поврзано со луѓе кои ја имаат истата пасија и кои минуваат заедно во моменти на радост, тага, лутина, разочарување и страдање. Во вакви моменти се заклучува колку овој спорт е уникатен, без разлика на резултатите, натпреварите и ривалствата. Сите ние сме сплотени.

– Го велам ова бидејќи го доживеав од прва рака изминатите денови. Реакцијата и топлината на фановите, искажаната поддршка од соиграчите и противниците ми дадоа неверојатна сила и храброст. Бев опкружен од позитивна енергија која направи да останам мирен и да не се чувствувам осамен.

– Поради оваа причина, би сакал сите да се посветиме на фудбалот и да се потсетиме на вистинската суштина на нашиот спорт, да не дозволиме да бидеме засенети од неговата комерцијална страна и да не дозволиме неговиот автентичен дух да се зема здраво за готово. Затоа што и покрај сè, она што се случи во неделата е сведоштво за вистинскот лице на фудбалот: Она кое не храни со вистински емоции, лични приказни и силна врска меѓу оние кои играат и оние кои навиваат.

– Имајќи го во предвид се ова што го кажав, јас сум навистина благодарен што припаѓам на овој свет и од се срце ви благодарам за љубовта што ми ја покажавте. Добро сум и тоа е најважно. Се гледаме наскоро, на теренот!, – порача Бове.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни