Италија
Бове донел одлука, утре ќе му имплантираат дефибрилатор
Срцевиот застој направи Едоардо Бове да колабира на теренот за време на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер, момент кој ги потсети фудбалските фанови на низа траорни моменти кои се случија во последните неколку години.
Младиот играч за врска се струполи на земјата и буквално беше враќан во живот од лекарите на теренот, а потоа доби специјална медицинска нега во болница и успеа да се извлече од опасноста.
Бове веќе десетти ден е во Кареџи болницата во Фиренца, но планот е да остане уште неколку дена откако доцна вечерва му била закажана интервенција.
Како што јавуваат најугледните италијански медиуми, Бове се согласил да му биде вграден дефибрилатор за следење на срцевиот ритам, но постои опција истиот да се острани во консултација со лекарите.
Играчот на Фиорентина инсистирал на вградување на отстранлив дефибрилатор за да си даде шанса да остане да игра во Италија, бидејќи ако се одлучи за траен дефибрилатор во своето тело, неговата кариера во италијанската елита и официјално ќе заврши.
Според проценките, по утрешниот зафат Бове ќе може да биде отпуштен од 12-ти до 14-ти декември на домашно лекување, а после неколку недели ќе треба да донесе дали ќе го извади дефибрилаторот, или ќе игра со траен дефибрилатор како што тоа го прават Ериксен и Блинд веќе неколку години (опција која се дозволува во другите европски лиги, но не и во Италија).
-
Светски првенства12 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија12 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
Англија23 часа
Ширер: Системот на Аморим го прави Јунајтед полош и од времето на Тен Хаг!
-
Светски првенства22 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП11 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ханси Флик: Ова е навистина неверојатно, секој натпревар ни се случува истото (Видео)
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн