Поврзете се со нас

Англија

Боуен постигна мајсторски гол за победа и му го посвети на Антонио (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/WestHam

Мајкл Антонио преживеа страшна сообраќајна незгода и мораше да му биде направена операција во болница, па ова попладне се појавија и шпекулации дека кариерата на напаѓачот е доведена во прашање.

Вест Хем како клуб побара да се покажа почит во овие тешки моменти и ги замоли медиумите да не шират лажни информации, а во такви услови неговите играчи мораа да се подготвуваат за тежок испит на домашен терен.

„Чеканите“ во клучен меч за Хулен Лопетеги успеаја да остварат победа од 2:1, па се чини дека со овој триумф Шпанецот си ја задржа работата и си „купи“ уште најмалку неколку натпревари.

Вест Хем го победи Вулверхемптон во директниот дуел за опстанок во овој момент, а двата постигнати погодоци на домаќините минаа во знакот на Антонио.

Најпрво Соучек му го посвети својот гол со глава на тешко повредениот напаѓач, но истото го направи и Џаред Боуен откако постигна мајсторски гол за 2:1 во 72-та минута. Измеѓу двата гола на Вест Хем, Доерти беше играчот кој ги врати „волците“ во игра, но сепак тоа се покажа како недоволно да се освои барем бод.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни