Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас за шпекулациите дека ќе биде заменет со Расел: Само еден тим прави такви работи

Објавено

на

Валтери Ботас веќе има 37 поени заостанување зад клупскиот колега Луис Хамилтон, а во Формула 1 кулоарите тоа беше доволно дека Мерцедес ќе го замени среде сезона со Џорџ Расел.

Во пресрет на новата трка која викендов ќе се вози во Шпанија, Ботас ги коментирал ваквите шпекулации, а делува убеден дека опцијата е нереална.

– Ваквите информации не ми пречат бидејќи знам дека нема да бидам заменет среде сезона.

– Ние како тим не правиме такви потези, имам договор за оваа сезона, а сите знаеме дека има само еден тим кој прави такви работи, – изјавил Ботас алудирајќи на Ред Бул.

– Нема дополнителен притисок бидејќи знам како стојат работите, секогаш се зборувале глупости додека трае сезоната, – рекол Финецот кој досега имаше една пол-позиција, но не и победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни