Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас стигна до втора сезонска победа во Сочи, Хамилтон на два поени од голема казна

Објавено

на

Валтери Ботас стигна до својата втора победа во тековната сезона и му го расипа најавеното славје на Луис Хамилтон, откако ова попладне беше најдобар на трката за Големата награда на Русија.

Финецот освои 26 бода на денешната трка во Сочи, на која покрај тоа што заврши прв, го извозе и најбрзиот круг за кој доби дополнителен бод. Возачот на Мерцедес имаше добар старт и се протна на втората позиција, но кога се чинеше дека Луис Хамилтон е пред нова доминација на патеката, влегувањето на безбедносното возило комплетно ја смени трката.

Хамилтон беше казнет на двапати по пет секунди за опасни стартови на недозволено место при загревањето, па веднаш стана јасно дека нема да стигне до победата откако мораше да отслужи казна од 10 секунди при влегувањето во боксот.

Светскиот шампион се обиде да направи предност додека беше прв, а таквата стратегија го стави во ситуација да се врати на третото место, зад Ботас и Ферстапен. Сепак, новата казна станува доста опасна за Британецот бидејќи ова е 10-ти казнен поен на неговата возачка лиценца во Формула 1, па ако добие уште два на истата, ќе биде суспендиран на една трка до крајот на сезоната.

Покрај ова, Хамилтон ќе мора да почека на израмнување на рекордот на легендарниот Михаел Шумахер по бројот на Ф1 победи (91), откако по денешното сценарио, остана на досегашните 90.

Што се однесува до денешниот победник, Ботас во претпоследниот обид успеа да обзебеди дополнителен бод за извозен најбрз круг, па само го потврди фантастичното издание на патеката во Сочи на која Ферстапен одново се задоволи со второто место. По најдобрите тројца кои се најдоа на пиедесталот, четврти заврши Серхио Перез, петти Рикиардо, Леклерк шести, а меѓу првите десет беа уште Окон, Квијат, Гасли и Албон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни