Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас со фото-финиш до пол позиција на Нирбургринг

Објавено

на

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од позицијата број еден на утрешната трка на Големата Награда на Ајфел кој се вози на патеката Нурбургринг во Германија.

Финецот со фото-финиш успеа да дојде до пол-позицијата пред неговиот клупски колега Луис Хамилтон. Ова за Ботас е третпат во оваа календарска година да започне од првото место (Австрија и втората трка на Силверстоун), а воедно со ова ја прекина серијата на Хамилтон кој имаше пет последовни пол позиции.

Вториот ред на утрешната трка е резервиран за Макс Ферстапен од Ред Бул, но и за Шарл Леклер од Ферари што секако е позитивна вест за тимот од Маранело.

Во Топ 10 се уште Албон, Рикардо, Окон, Норис, Перез и Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни