Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас се избори за пол-позиција пред Хамилтон, Мерцедес го доби првиот дуел со Ред Бул

Објавено

на

Валтери Ботас има причини да се надева на што подобар резултат во Португалија по двете лоши изданија на почетокот на сезоната, откако денеска на квалификациите се избори за најдобро време.

Финецот оствари најдобро време додека условите на патеката беа идеални, а силниот ветар му создаде проблеми на Луис Хамилтон во обидот да оствари подобро време, па така светскиот правак мораше да се задоволи само со второто место.

На денешните квалификации, Мерцедес го доби дуелот со Ред Бул бидејќи Ферстапен и Перез завршија зад Ботас и Хамилтон како возачи кои ќе стартуваат од вториот ред, но минималната разлика во времињата ветува навистина возбудлива трка утре во Портимао.

Шпанецот Карлос Сајнц беше подобар од својот колега од Ферари за неколку позиции и се избори за петто најдобро време ова попладне, а измеѓу него и Леклер кој е осми, се најдоа Окон и Норис.

Во првите десет завршија уште Пјер Гасли и искусниот Себастијан Фетел, за кого мора да се напомене дека после подолго време се најде во топ 10 во едни квалификации, сега како член на Астон Мартин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни