Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас откри дека ја започнал кариерата со помош на „магичниот оброк“ на неговиот дедо (Видео)

Објавено

на

Валтери Ботас даде интересен одговор на едно прашање во онлајн комуникацијата со новинарите, а членот на Формула 1 тимот Мерцедес зборувал за начинот на кој се „навлекол“ на моторспортот.

Вообичаено почетоците се поврзани со картингот, па тоа е случај и со Финецот, на кој сепак му помогнала и „тајниот оброк“ кој му го открил неговиот дедо.

– Кога имав пет години, имаше локална картинг трка во мојот роден град.

– Отидовме случајно со татко ми, бидејќи во градот забележавме знак дека се одржува трка.

– Ја гледавме трката и јас немав видено нешто покул дотогаш, па сакав да пробам.

– Но, во тие моменти бев пренизок, па за време на зимата дедо ми ми кажа дека ако јадам каша секое утро, ќе пораснам магично и ќе можам да возам картинг. Па, јас јадев каша секое утре и следната пролет,кога се стопи снегот, се вратив на патеката и магично можев да управувам со картот и така започна мојата приказна, – изјавил Ботас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни