Формула 1
Ботас: Оние што не се разбираат во Ф1 мислат дека сум идиот!

Џорџ Расел беше најголем губитник на трката за Големата награда на Сакир, бидејќи и во ситуација кога успеа да ја надмине и да ја поправи огромната грешка која ја направија луѓето во Мерцедес, го снајде неверојатен малер кога му пукна гумата во моментите кога беше втор и се обидуваше да го престигне Чеко Перез кој подоцна победи.
Поради новото влегување во бокс, Расел на крајот заврши само 9-ти и неговото деби во Мерцедес се претвори во очај, но како за утеха, беше избран за возач на денот од страна на фановите на Формула 1 кои останаа импресионирани од изданието на младиот Британец кој го менуваше својот сонародник Луис Хамилтон.
Ако Расел беше најголем губитник, Валтери Ботас дефинитивно е возачот кој останува најпотценет од фановите и експертите по вчерашната трка, бидејќи Финецот кој знаеше дека ќе биде под голем притисок, на крајот потпадна под истиот и остана во сенка на возачот кој првпат возеше болид на Мерцедес.
– За оние кои не се разбираат во Формула 1, во нивните очи сум идиот и глупак, а тоа не е добро за мене. Сепак, оние што го разбираат овој спорт, знаат што ми се случи и дека крајниот резултат можеше да биде многу поинаков. Ова беше многу лоша трка за мене, а од таа гледна точка, за обичните луѓе е многу лесно да зборуваат дека дошло ново момче и го победи возачот кој со години го вози тој болид. Вистината е дека оваа ситуација не беше идеална за мене, но грешката не е моја, – изјави Ботас, кој се жали дека му биле ставени извозени и искористени пневматици при последното влегување во бокс.
– Навистина тешко е да се објасни чувството кога влегувате во боксот и излегуваш со исти гуми, само постари од тие со кои си влегол. Потоа губиш позиции на патеката, ништо чудно. Ова беше огромна грешка на тимот и сигурен сум дека ќе се анлизира и ќе се научи од истата, – се надополни Ботас кој заврши осми на крајот.

- Шпанијапред 18 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити