Ботас ја затвори Ф1 сезоната со победа во Абу Даби

botas-AD

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас максимално ја искористи пол-позицијата и ја предводеше еден-два победата на неговиот тим на трката за Големата награда на Абу Даби во Формула 1 првенството.

Финецот го издржа притисокот од шампионот Луис Хамилтон, кој пак мораше да се задоволи со второто место кое го освои пред најголемиот ривал Себастијан Фетел.

За Мерцедес беше важно да не му се дозволат две победи по ред на Ферари во финишот на сезоната, а тоа болидите на шампионскиот тим го остварија во Абу Даби, трка со која е заокружена сезоната.

Покрај тројцата возачи кои се најдоа на победничкиот подиум, бодови освоија уште и Раиконен, Ферстапен, Хулкенберг, Перез, Окон, Алонсо и Маса за кого ова беше последна Ф1 трка.

Facebook Коментари