Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас издоминира на дождот во Турција, Ферстапен го презема водството во генералниот пласман

Објавено

на

Валтери Ботас извозе одлична трка во дождливи услови и стигна до победа на Формула 1 трката возена денеска во Турција.

Ботас стартуваше од пол-позицијата бидејќи Луис Хамилтон загуби десет стартни позиции за менување на моторот на болидот, по што токму Финецот донесе победа за Мерцедес, чиј главен адут не успеа да стигне ниту до место на победничкиот подиум.

Хамилтон се обидуваше да стигне барем до Топ 3 друштвото, ризикуваше и долго остана на патеката без да влезе во боксот, па откако го направи тоа на инсистирање на тимот, на крајот мораше да се задоволи само со петтата позиција.

Од друга страна, неговиот ривал за титулата, Макс Ферстапен се чини ги исполни амбициите на Ред Бул со второто место на трката во Истанбул, додека победничкиот подиум го комплетираше неговиот клупски колега Серхио Перез.

Шарл Леклер му донесе четврто место на Ферари и го остави зад себе Хамилтон, додека од шестото до десеттото место се најдоа Гасли, Норис, Саинц, Строл и Окон.

Ферстапен го презема водството во генералниот пласман, па сега има шест поени повеќе од Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни