Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас е минато, Хамилтон од следната сезона ќе има нов тимски колега

Објавено

на

Формула 1 тимот на Мерцедес следната година ќе има изменет лик затоа што меѓу пилотите нема да биде Финецот, Валтери Ботас.

Ботас има договор со Мерцедес за оваа сезона и истиот нема да биде продолжен, па од наредната година друштво на Хамилтон во болидот како што стојат работите ќе му прави Џорџ Расел.

Младиот, 23 годишен пилот еднаш го возеше болидот на Мерцедес кога Хамилтон беше позитивен на Ковид-19 и остави сосема солидни импресии.

Дека има нешто потврди и самиот Расел кој по трката на Спа истакна дека знае каде ќе вози следната година.

– Знам каде ќе возам следната година. Нема да седам овде и да ве лажам. Вистина е дека нема што да се објави, но свесен сум за ситуацијата и каде ќе возам следната година, информиран сум за тоа пред Спа, -изјави Џорџ Расел.

Во моментов, Џорџ Расел е возач на Вилијамс, а на трката за Големата награда на Белгија стигна до второто место благодарение на одличните квалификации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни