Бостон стандарден си ,,гази” се пред себе, ,,Брадата” најефикасен во победата на Хјустон против Индијана

Al Harford

Бостон Селтикс не застанува со победите. Овој пат на дневен ред дојдоа Рапторси кои беа поразени минимално  со 95:94. Со оваа победа тие успеаа да ја забележат 12. победа по ред, но, сепак играа без својот лидер Кајри Ирвинг, кој отсуствуваше поради мала повреда. Ал Хорфорд беше најзаслужен за победата со 21 постигнат поен додека кај Торонто се издвои ДеРоузен со 24 поени.

Од другите натпревари, Хјустон Рокетс без никакви проблеми ги совладаа Пејсерси со резултат од 95:118. Како по обичај Џејмс Харден беше најефикасен кошаркар кај Хјустон со 26 поени и 15 асистенции.

Facebook Коментари