Бостон поразен благодарение на новајлиите во Кливленд (Видео)

Кливленд Кавалирс на гостувањето кај Бостон Селтикс во „ТД Гарден“ успеа да прикаже една од најдобрите партии сезонава и го порази со резултат од 121:99.

Дефинитивно размената на играчи добро му дојде на Кливленд кој благодарение на новајлиите во тимот на Лери Ненс Јр., Џорџ Хил, Родни Худ, и Џордан Кларксон заедно постигнаа 49 поени, а седум кошаркари на Кавалирси има двоцифрен број на поени.

Интересно е што натпреварот го започна како стартер и кошаркарот со потекло од Охрид, Чеди Осман.

Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 24 поени, 8 скокови и 10 асистенции, а успеа и да му го расипе пензионирањето на бројот на Пол Пирс.

Кај поразениот Бостон најдобар беше Тери Розијер со 21 поен, 9 скокови и 5 асистенции додека поранешниот соиграч на Леброн, Кајри Ирвинг постигна 18 поени.

Со овој пораз Бостон го изгуби првото место во Источната конференција, а сега лидер е Торонто Репторс.

Facebook Коментари