Поврзете се со нас

НБА

Бостон не дозволува Мајами да се одлепи, сигурна игра во текот на целиот натпревар и прва финална победа

Објавено

на

Кошаркарите на Бостон Селтикс го намалија резултатот во финалната серија на Истокот на 2:1 откако со убедливи 117:106 славеа против тимот на Мајами.

Бостон во првите два натпревари прокоцкуваше предност, па клубот од Флорида преку пресврт доаѓаше до победите.

Овојпат тоа не беше случај затоа што Селтикси го контролираа резултатот на целиот натпревар, а Мајами единствено им се доближи на минус осум негатива во последната четвртина.

Предводник на Селтикси беше Џејлен Браун со 26 постигнати поени, додека еден помалку постигна Џејсон Тејтум кој имаше и 14 скокови и осум асистенции.

Во редовите на Мајами најефикасен беше Бем Адебајо со 27 поени и 14 скокови, Хироу уфрли 22 поени, додека Џими Батлер застана на 17 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни