Бостон ја продолжи импресивната серија и без најдобрите, неверојатниот Џорџ стави крај на тонењето на Оклахома (Видео)

pol-georg

Изминатава ноќ во Америка се одиграа осум натпревари во НБА лигата, од кои покрај импресивини индивидуални достигнувања, видовме уште едно брилијантно тимско издание на Бостон кој ја продолжи својата фантастична низа и сега истата изнесува 11 победи во серија.

Селтикси и без најдобрите играчи во тимот успеаја да слават со 90:87 над Шарлот, а во отсуство на Хорхорд, Хејворд и Ирвинг кој заработи удар во раната фаза на мечот, кај домаќините се истакнаа Татум и Ларкин со по 15, односно Розие и Морис со по 14 поени.

Од возбудливите пресметки за издвојување е победата на Оклахома над Лос Анџелес Клиперс со која Тандерси ја прекинаа серијата од четири порази, а најзаслужен за триумфот од 120:111 беше импресивниот Пол Џорџ кој покрај 42-та поени, додаде и седум асистенции и девет скокови. Кај домаќините се истакна и Расел Вестбрук кој уфрли 22 поени, додека во противничкиот табор фантастичен беше Лу Вилијамс кој мечот го заврши со 35 поени.

На останатите шест меча беа остварени следните резултати:

Детроит – Атланта 111:104
Чикаго – Индијана 87:105
Феникс – Орландо 112:128
Сан Антонио – Милвоки 87:94
Јута – Мајами 74:84
Портланд – Бруклин 97:101

Facebook Коментари