Бостон ја потврди класата против Лејкерс, Голден Стејт влезе во победничка серија (Видео)

Kajrii

Бостон Селтикс не запира со победите. Тие газат се пред себе без никаков проблем. Сега на дневен ред дојде ЛА Лејкерс кој беше прегазен со 107-96. Тие ја извојуваа десеттата победа во низа благодарение на Кајри Ирвинг кој постигна 19 поени, 5 асистенции и 6 скокови и центарот Арон Бејнс со 21 постигнат поен.

Голден Стејт Вориорс успеа да ја победи Минесота со 125:101, а најзаслужни за победата на беа Клеј Томпсон и Стеф Кари. Томпсон реализираше 28 поени додека Кари постигна 22 поени, 8 скокови и 8 асистенции. Со овој триумф тие ја потврдија победничката низа од пет победи во низа. Од другата страна кај Минесота се издвоија Вигинс со постигнати 17 поени и Таунс со 16 постигнати поени.

 

Facebook Коментари