Поврзете се со нас

НБА

Бостон ја потврди казната за тренерот, Удока се јави со прв коментар

Објавено

на

Актуелниот НБА вицешампион, Бостон Селтикс дефинитивно ќе има нов тренерот во престојнава 2022/2023 откако сегашниов Име Удока ги прекрши клупските правила и имаше интимна врска со жена вработена во организацијата.

Тренерот на Бостон се впуштил во романса со вработена во клубот, следи жестока казна

„Келтите“ се одлучија да реагираат и суспендираа Удока на една година, односно тој нема да може да го води тимот во престојнава кампања. Ова е удар како за тренерот така и за Бостон затоа што под негово водство екипата дојде до финалето во минатата сезона, прво финале по 12 години.

-Сакам да им се извинам на нашите играчи, навивачи, целата организација на Селтикс и моето семејство што го разочарав. Жал ми е што ја доведов екипата во оваа тешка ситуација и ја прифаќам одлуката на тимот. Од почит кон сите вклучени, нема да имам дополнителни коментари, -порача Удока во првата реакција.

Нов предводник на Селтикс ќе биде Џо Мазула, човекот кој досега беше асистент на Удока.

Инаку ова за Име беше прва работа како самостоен тренер, претходно беше дел од стручните штабови на Сан Антонио Спарс,  Филаделфија 76 и Бруклин Нетс.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни