Поврзете се со нас

НБА

Бостон го издржа завршниот налет на Далас и дојде на чекор од 18. титула во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Кошаркарите на Бостон Селтикс се на добар пат да дојдат до пехарот во НБА лигата со оглед на тоа што веќе водат со 3-0 во финалето со Далас Маверикс.

Избраниците на Мазула славеа во првиот меч во „Американ Ерлајнс Центарот“ со 106:99 и се во идеална позиција, имаа водство кое ниту еден клуб во историјата го нема испуштенo што значи се на чекор да дојдат до нов рекорд, поточно да донесат резултат за нова страница во историјата на најсилната лига на светот.

Имено ако Бостон забележи уште еден триумф во серијата ќе ја обезбеди 18. титула и ќе го остави зад себе вечниот ривал Лос Анџелес Лејкерс.

Што се однесува до самиот меч во Далас, домаќините тесно го добија првиот дел со 51:50 за да во третиот период гостите одиграа брилијантно на двете страни на теренот и дојдат до позитива од 85:70. На стартот на последниот период „келтите“ уфрли уште две тројки за плус 21 (91:70) и тука веќе многумина го отпишаа составот на Меверикс.

Ама четата на Кид потоа имаше страшна серија, офанзива која го донесе на само минус еден (93:92), меѓутоа тука шеста лична грешка заработи Дончиќ и во финишот Ирвинг не можеше сам да нарпави нешто повеќе, поточно Селтикс го зададоа завршниот удар и се изборија за голем триумф.

Тејтум уфрли 31 поен со 6 скока и 5 асистенции, Браун застана на 30 поени со 8 скока и 8 асистенции, додека Вајт беше автор на 16 кошеви.

Ирвинг кај поразените се разбуди и реализираше 35 поени, Дончиќ на 27 кошеви додаде 6 скока и 6 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни