Поврзете се со нас

НБА

Бостон го доби дербито на Истокот, Дурент го мина Шек на вечната листа на стрелци (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Екипата на Бостон Селтикс издвојува победа над Милвоки Бакс од 122:119 во дерби пресметката на Истокот во НБА лигата.

Двете екипи не беа комплетни, поточно недостасуваа по еден важен играч од стартните петорки, Џру Холидеј кај „келтите“ и Јанис Адетокумбо каде „елените“, ама и без нив беше интересно, борбено и жестоко до самиот крај. Бостон уште еднаш потврди зошто е тим со најдобар учинок во лигата, но и зошто „Ти-Ди Гарден“ важи за тврдина која многу тешко се освојува.

Тејтум со 31 поен беше водечки стрелец, Вајт и Браун искомбинираа 44 кошеви, а важна улога одигра и резервистот Причард со 19 поени, 6 скока и 3 асистенции. Кај поразените во прв план беше Лилард со 32 поени, додека Портис реализираше дабл-дабл од 24 поени и 15 скокови.

Феникс Санс го одбрани домашниот терен и триумфираше во соочување со Филаделфија Севентисиксерс со 115:102. Ален со 9 тројки и вкупно 32 поени беше најефикасен на паркетот, меѓутоа во фокусот на вниманието се најде Дурент кој уфрли 22 поени што беа повеќе од доволни да го надмине легендарниот Шекил О’Нил на вечната листа на стрелци во најсилната лига на светот. Пред Кеј-Ди сега се само Чембрлејн, Новицки, Џордан, Брајант, Мелоун, Џабар и Џејмс.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Индијана 103:122
Бостон – Милвоки 122:119
Торонто – Сакраменто 89:123
Оклахома – Јута 119:107
Голден Стејт – Мемфис 137:116
Феникс – Филаделфија 115:102
Портланд – Клиперс 103:116
Кливленд-Мајами 104:107

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни