Поврзете се со нас

Светски првенства

Бошковски: Не може секој да игра во репрезентацијата

Објавено

на

Македонија со пораз од Словенија од 31-21 ја отвори новата фаза на 27. Светското првенство во Египет.

Нашите репрезентативци не одиграа толку лошо како на дуелите против Шведска и Египет, меѓутоа на крајот одново загубивме со двоцифрена разлика.

Оваа средба од студиото на МТВ ја испрати доскорешниот тренер на Голден Арт КЛ7, Андон Бошковски кој смета дека не смее во репрезентацијата да игра било кој туку само оние најдобрите затоа што не е мала работа да се бранат националните бои.

-Мора да работиме, да се направи уште подобра селекција. За мене има едно свето правило за мене, не може било кој да игра за репрезентацијата. Немам ништо против никого, ама репрезентацијата е врв на се. Не се работи за пари, за емоцијата кон државата. Кога ќе дојдеш до националниот тим тоа треба да биде врвот во твојата кариера, -истакна Бошковски кој одреден период беше и дел од репрезентацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни