Поврзете се со нас

Балкан

Бошко Ѓуровски за лошата прогноза на својот брат: Милко секогаш сака да контира

Објавено

на

Црвена Звезда со убедлив резултат го доби последното српско дерби со градскиот ривал Партизан, а тоа само потврди дека легендарниот Милко Ѓуровски е слаб прогнозер кога се работи за соочувањето во белградското „вечно дерби“.

Милко предизвика многу реакции откако тврдеше дека Партизан ќе победи и покрај тешката ситуација во која се наоѓа, а ваквиот потег морал да го искоментира и неговиот постар брат Бошко, кој е цврсто поврзан со Црвена Звезда, екипа во која беше играч, тренер и член на раководството.

– Не сум изненаден од резултатот, знам дека ние имаме подобар тим од Партизан. Мислам дека и добро пројдоа со четири гола, бидејќи Звезда го намали ритамот, а целокупната слика е дека „црвено-белите“ се за класа подобри од Партизан.

– Што се однесува до Милко, тој секогаш сака да се истакне со некоја изјава. Отсекогаш беше на контра страна, затоа и замина во Партизан. Можеби сакаше малку да ги мотивира, но не успеа во тоа, – рекол Бошко Ѓуровски во изјава за српски „Информер“.

За разлика од Бошко кој цела фудбалска кариера е поврзан со „црвено-белите“, Милко Ѓуровски своевремено предизвика голем шок во југословенската фудбалска јавност, откако реши да се пресели од Црвена Звезда во редовите на Партизан, по што имаше и интернационална кариера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни