Поврзете се со нас

НБА

Босанецот од Портланд распали во јавноста: Ова ми се најтешки денови, ве молам носете ги проклетите маски

Објавено

на

blank

Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ по натпреварот против Мемфис Гризлис се јави со коментар поврзан со целата ситуација со коронавирусот.

Нуркиќ одигра одличен натпревар против Гризлис уфрлувајќи 18 поени на кои придодаде и девет скокови, шест блокади и пет асистенции.

По натпреварот, Нуркиќ изјави дека неговата баба се бори за живот откако го добила коронавирусот и дека токму затоа овие денови се најтешки во неговиот живот.

– Изминатите неколку денови ми се најтешки во животот. Баба ми има коронавирус и е во кома. Ве молам, внимавајте, и носете ги тие проклети маски, -изјави Нуркиќ.

Инаку, Босанецот се врати на терените по тешката повреда која ја заработи претходно и која требаше да го оддалечи од терните цела сезона, но по паузата од пет месеци поради коронавирусот, тој се врати на терените.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни