Англија
Босанецот Муслиќ откри какво изненадување добил од Гвардиола по крајот на мечот

Манчестер Сити се намачи за да го елиминира Плимут и мораше да прави пресврт на „Итихад“, но откако избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија работата навреме, дојде на ред и традиционалното ракување меѓу двајцата менаџери.
Гвардиола како добар домаќин се погрижи за крајно џентлменски однос кон Мирон Муслиќ, а Босанецот со австриски пасош на англиските медиуми сега им откри и каков третман добил од неверојатниот Шпанец во неговата канцеларија на „Итихад“.
Менаџерот на Плимут по сензационалната победа над Ливерпул изјави дека ќе ја прослави истата со начос и Фанта, но оваа негова реченица очигледно некој му ја пренел и на Пеп, кој уште пред натпрварот му го порачал на својот колега следново:
– Заборави на вино, ќе те чека Фанта во мојата канцеларија…….
Оваа приказна ја потврди и самиот Муслиќ, кој дополнително им обелодени на новинарите дека минал извонредни 45 минути во канцеларијата на противничкиот менаџер.
– Минавме 45 минути во неговата канцеларија по крајот на натпреварот и имаше подготвено Фанта за мене, како и навистина големо шише италијанско вино за мојот стручен штаб. Навистина уживав во негово друштво, уживав во гостопримството од еден од најдобрите тренери во историјата. Тоа беше незаборавно искуство за мене, – открива Муслиќ.
-
Формула 117 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија16 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства12 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)