Босанецот Гојак покажа класа на „Максимир“, Адеми и Динамо го освоија Суперкупот (Видео)

ademi-gojan

Динамо Загреб прокнижи уште една титула во Хрватска, откако оваа вечер го доби Суперкупот во изедначениот меч со лутиот ривал Ријека.

Разликата на теренот ја направи Босанецот Амер Гојак кој покажа вистинска класа со погодокот кој го постигна во 41-та минута, минијатура со која само го оправда епитетот на најдобар играч во редовите на „модрите“. Босанскиот офанзивец е мета на неколку важни клубови од Европа, а неговата мајсторија се покажа како клучна на „Максимир“.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра цел меч, додека Дарко Велковски не доби шанса за настап на хрватското дерби.

Facebook Коментари