Поврзете се со нас

Македонија

Босанчиќ со мајсторија донесе бод за Вардар, дербито во Чаир без победник

Објавено

на

Срѓан Захариевски имаше позитивно деби на клупата на Вардар, тим кој успеа да остане непоразен во соочувањето со амбициозниот состав на Гостивар.

Средбата која се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари заврши со резултат 1-1. Алдаир донесе водство за домаќините во првиот дел, водство кое беше активно до 85 минута кога новото име во редовите на „црвено-црните“ Босанчиќ биеше мајсторски од слободен удар за реми.

Во Чаир пак Шкупи и Шкендија исто ги поделија бодовите играјќи 1-1 со головите кои беа дело на Канда и Цаке.

Истиот резултат беше постигнат и на пресметката меѓу Пелистер и шампионот Струга Трим Љум во Битола.

Тримфи остварија Силекс против Воска (3-0), Работнички со Тиквеш (3-1) и АП Брера Струмица која во првиот натпревар под водство на Михаилов ја доби Беса со 3-2.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни