Борусија знае да ги лоцира талентите, но овој пат дали е на повидок фалсификат со возраста!? (Видео)

yusuf moukoko

Борусија Дортмунд дефинитивно се покажа како еден од главниот извор на идни фудбалски ѕвезди. Овој пат тие извадија дете од кое се очекува да стане една од главните фудбалски ѕвезди.

Се работи за Јусуф Мукоко кој има 12 години и според физичките предиспозиции делува како да е играч на 18 години. Тој е прекомандуван во редовите на повозрасните фудбалери на Дортмунд со кои игра во кадетската екипа. Својот дебитантски настап го имаше пред скоро време и за репрезентацијата на Германија до 16 години и веднаш на почетокот на натпреварот успеа да се запише во листата на стрелци.

Но, прашањето кое се поставува е дали овој фудбалер кој е од Камерун, како и голем број фудбалери од африканскиот континент кои пристигнале во Европа, доаѓаат со фалсификувани изводи на раѓање за да се прикрие годината и да можат да играат подобро од своите врсници, ќе дознаеме во наредниот период. Најинтересно е што веќе пристигна докторска молба за да се изврши тестирање и да се потврди возраста на младиот Мукоко, но неговиот татко одбива и не сака да слушне за такво нешто.

Facebook Коментари