Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Борусија со пресврт до ново четвртфинале во Лигата на шампионите (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/BVB

Борусија Дортмунд е првата екипа која денеска обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, привилегија која ја заработи со гостинска победа кај Лил (1:2).

Бундеслигашот имаше негатива на полувреме, но успеа да постигна два гола со кои се промовираше во нов патник во следната фаза на најпрестижното европско натпреварување.

Дејвид донесе предност за Лил уште во 5. минута, а Французите ја задржаа предноста до полувремето.

Сепак, гостите успеаја да израмнат од пенал по реализацијата на Џан, додека единаесет минути подоцна, Бејер ги постави конечните 1:2.

Следен противник на Борусија во ЛШ ќе биде Барселона.

Головите можете да ги видите ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни