Германија
Борусија се посрамоти во Бундеслигата: Прими „четири парчиња“ од тим кој е фаворит за испаѓање

Бохум и Холштајн Кил се два апсолутни фаворити за испаѓање од германската елита оваа сезона, но интересно е што и двата последнипласирани тима почнаа да покажуваат знаци на живот во последните три рунди.
Доказ за тоа е денешниот натпревар кој го одигра Холштајн Кил на домашен терен, а начинот на кој ја победи Борусија Дортмунд сигурно ќе му донесе потребна самодоверба на тимот кој се бори за живот во Бундеслигата.
Првото полувреме мина целосно во знакот на домаќините кои дури во три наврати успеаја да го матираат Кобел, па уште во таа фаза од мечот можеше да се претпостави дека „милионерите“ ќе претрпат пораз.
Головите на Мачино, Харес и Бернардсон го одлбежаа првиот дел, но Борусија се погрижи да гледаме вистинска драма во завршницата, откако фаворитот постигна два гола преку Рејна и Гитенс.
Погодокот за 3:2 пристигна во 77-та минута, па Борусија доби уште 20 минути да брка израмнување со оглед на тоа што имаше долго судиско продолжение.
Гостите со сите сили тргнаа по израмнување и бод, но во такви услови, Кобел го остави голот празен, па Арп ги постави конечните 4:2 во 98-та минута.
Головите погледнете ги ТУКА
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..