Поврзете се со нас

Германија

Борусија преговара со уште еден голгетер за двојна замена за Халанд

Објавено

на

Ерлинг Халанд го завршува својот престој во Борусија Дортмунд и од следната сезона ќе настапува за Манчестер Сити, а германскиот клуб планира две квалитетни засилувања на истата позиција.

Трансферот на Карим Адејеми од РБ Салцбург е веќе завршена работа, но „милионерите“ сакаат да ангажираат уште еден докажан голгетер.

Се работи за Себастијан Алер кој настапува за Ајакс и за кого Борусија е веќе во напредни преговори според „Спорт1“ и други германски медиуми.

Алер претходно настапуваше за Ајнтрахт, а последната сезона во Лигата на шампионите постигна 11 гола и од него поефикасни беа само Карим Бензема и Роберт Левандовски.

Борусија веројатно ќе се раздели со најмалку уште еден фудбалер за да стигне до потребните 35 милиони евра потребни за Алер, а Ајакс не би имал ништо против ваквиот потег бидејќи Французинот имаше одредени прекршувања на дисциплината во текот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни