Шпанија
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)

Џуд Белингем во наредните неколку дена ќе биде претставен како прво бомбастично засилување за Реал Мадрид за новата натпреварувачка сезона, вест која официјално ја потврди и неговиот досегашен клуб, Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ на крајот попуштија под притисокот и со официјално соопштение ја известија јавноста дека Англичанецот е пред преселба во „кралскиот клуб“, откако двете страни постигнале конечен договор за висината на отштетата.
Трансфер сумата надминува 100 милиони евра и фиксната исплата ќе изнесува 103 милиони евра, а Борусија може да заработи и дополнителни 30 проценти од првичната сума ако се остварат одредени бонуси.
Англискиот репрезентативец ставил потпис на шестгодишен договор со Реал и ќе биде идната голема ѕвезда на тимот, што е прва супер вест за фановите кои во неколку дена се збогуваа со Асенсио, Азар, Маријано и Бензема.
Белингем дефинитивно ќе биде огромно засилување за Реал во средниот ред, а според сите најави, следна мета на Флорентино Перез е Хари Кејн и пополнување на дупката која ја остави Бензема.
-
Светпред 18 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 20 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 20 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 17 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 19 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Германијапред 18 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)