Поврзете се со нас

Германија

Борусија остана без бодови, Гинтер влезе во историјата на Фрајбург (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Фрајбург и испушти важни бодови на стартот на сезоната во германската Бундеслига.

По триумфот во првото коло, Борусија денеска остана без бодови, а и единствениот гол беше автогол на Кејтел од екипата на Фрајбург.

Резултатот го отвори Италијанецот Грифо со атрактивен погодок од слободен удар уште во 6. минута, а Салаи во 51. минута ја најави победата на домаќините.

Борусија не успеа да направи нешто повеќе по автоголот со кој намали, па доживеа втор пораз по ред, по тој од Баерн во Суперкупот.

Денешниот натпревар посебно ќе го памети домашниот фудбалер Кристијан Гинтер, кој стана фудбалер со најмногу бундеслигашки настапи (237) во историјата на Фрајбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни