Германија
Борусија ни понуди дефиниција за контра: Халанд, Ројс и Санчо презентираа шах-мат во три потези (Видео)

Борусија Дортмунд е првиот патник во полуфиналето на германскиот Куп, откако вечерва во големото дерби ја победи Борусија Менхенгладба на гостински терен со минимални 0:1.
Двата тима имаа свои шанси и може комотно да се каже дека домаќините имаат за што да жалат, особено за ситуацијата во 59-та минута кога голманот Хиц маестрално реагираше и ја сочува мрежата на Дортмунд.
Пред да се случи тоа, му беше оправдано поништен гол на Ерлинг Халанд поради прекршок пред да ја затресе противничката мрежа, па во таква ситуација, како одлучувачки се покажа моментот во 66-та минута.
Во моментите кога домаќините се обидуваа да направат притисок, гостите од „Сигнал Идуна парк“ режираа страшна акција која може да послужи како дефиниција за контра напад, по која Џејдон Санчо погоди за 0:1.
Шулц заврши голема работа и ја пренесе топката од својот шеснаесетник до средината, а потоа следеше шах-мат во три потези. Дефанзивецот ја проследи топката до Халанд, овој додаде до Ројс, по што капитенот го проигра Санчо кој погоди откако излезе сам пред противничкиот гол.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Англијапред 20 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата