Поврзете се со нас

Германија

Борусија нема да смета на тројца фудбалери на дербито со Баер Леверкузен

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд има сериозни проблеми пред соочувањето со сезонава одличниот Баер Леверкузен, па тренерот Един Терзиќ ќе мора да го планира натпреварот без неколку важни играчи.

„Билд“ денеска објави дека Борусија се соочува со отсуство на тројца играчи кои ќе го пропуштат дербито, односно гостувањето во Леверкузен.

Се работи за Никлас Зиле, Рами Бенсебијани и Салих Озчан, кои не се во комбинација, додека тренерот Терзиќ е оптимист дека Брандт и Забицер ќе бидат достапни за ова соочување со шампионот.

Зиле го пропушти и дуелот со Милан, па и покрај најавите, нема да може да настапи и во бундеслигашкото дерби, а местата на Бенсебијани и Озчан ќе ги пополнат Волф и Рајерсон.

Борусија има тежок распоред наредниот период, бидејќи три подоцна игра со Штутгарт во Купот, а потоа и со РБ Лајпциг и ПСЖ во првенството и Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни