Борусија му одговори на Венгер за Обамејанг: Гледај си ги твоите играчи

pierre-emerick-aubameyang

Пјер-Емерик Обамејанг повторно е суспендиран од управата на Борусија Дортмунд за утрешниот меч против Херта среде шпекулациите дека е блиску до трансфер во Арсенал.

За напаѓачот на германскиот клуб денеска зборуваше и тренерот на „топчиите“ Арсен Венгер, кој кажа дека Обамејанг добро би се адаптирал во Арсенал, иако неговиот карактер може да биде и многу негативен.

Борусија Дортмунд брзо му одговори на францускиот стручњак.

–  Некоректно е да се зборува за играчи на други клубови. Немаме никаков контакт со Арсенал. Ние мислевме дека Арсен Венгер е преокупиран со настапите на неговите играчи – изјави директорот на Борусија Михаел Цорк.

 

Facebook Коментари