Поврзете се со нас

Англија

Борусија ќе го пушти Санчо како што го пушти Дембеле, преговорите со Јунајтед продолжуваат

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд остануваат во преговори за трансферот на младиот фудбалер на „милионерите“, Џејдон Санчо.

Според „Скај Спортс“, Борусија Дортмунд се уште притиска за да извлече што е можно повеќе пари од Манчестер Јунајтед кој пак не е подготвен да плати 120 милиони евра за трансферот на Англичанецот.

Сепак, се верува дека Борусија Дортмунд на крај ќе го пушти играчот да си оди за сума од околу 100 милиони евра или 89 милиони фунти.

Ваквата трансфер стратегија од Борусија Дортмунд ја користеле и при преговорите со Барселона за трансферот на Усман Дембеле.

Тогаш „милионерите“ барале 140 милиони евра во готово, за на крај да се согласат да го пуштат Дембеле за 105 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни