Борусија со играч помалку се избори за бод против Хофенхајм (Видео)

borusija-hofen

Борусија Дортмунд не успеа да стигне до победата и на второто гостување во новата натпреварувачка сезона, а во дадената ситуација, мораше да се спасува од пораз на незгодното гостување кај тимот на Хофенхајм.

„Милионерите“ беа апсолутно надиграни во првото полувреме во кое немаа ниту еден шут кон голот и Хофенхајм сосема заслужено победе со 1:0 со голот на Јолинтон, а работите за гостинскиот тим дополнително се закомплицираа откако Диало доби директен црвен картон во 76-та минута.

Сепак, исклучувањето на крајот се покажа како момент кој му донесе позитивни вибрации на тимот, па така Борусија стигна до израмнување и бод по еден продор на Марко Ројс кој докрај го испрати Пулишиќ. Американскиот репрезентативец погоди за 1:1, а Борусија на овој начин го оствари второто реми во новата сезона во Бундеслигата.

Facebook Коментари