Поврзете се со нас

Англија

Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари

Објавено

на

Фото: twitter.com/BVB

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд ја имале првата средба и ги почнале преговорите за враќање на Џејдон Санчо во редовите на бундеслигашот, тврди германски „Билд“.

Добро информираниот таблоид наведува дека „милионерите“ сакаат по секоја цена да ја вратат поранешната ѕвезда во Дортмунд, а Јунајтед е расположен за вакво сценарио поради фактот што Санчо влезе во конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг и е отстранет од првиот тим на премиерлигашот.

Англискиот репрезентативец мора да бара екипа каде ќе има соодветна минутажа во пресрет на Европското првенство, а веројатно идеално сценарио е да се врати на позната територија и во клубот кој заработи 85 милиони евра од неговиот трансфер.

Вториот дел од размената го сочинува Донјел Мален, актуелниот член на Борусија кој може да биде испратен во спротивна насока, а за што раководството на бундеслигашот веќе имало разговори со неговиот агент.

Неофицијално, Мален е импресиониран од опцијата да соработува со Ерик тен Хаг, засега не е јасно дали Борусија би вклучила и одредена сума за да го добие Санчо, со оглед на актуелниот статус на англискиот фудбалер кој долго време не игра натпревари.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни