Поврзете се со нас

Германија

Борусија го торпедираше Шалке, ВАР го спаси Лајпциг од болен пораз (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд фуриозно отвори на рестартот на сезоната во Бундеслигата ова попладне, откако комплетно го надигра Шалке 04 во големото рурско дерби кое се одигра на „Сигнал Идуна парк“.

„Милионерите“ го преслушаа лутиот ривал и го испратија со четири гола од празниот стадион во Дортмунд, резултат кој најдобро отсликува што точно се случуваше на теренот.

Гостите едноставно немаа никаква идеја како да ги сопрат расположените домаќините, а особено Халанд, Азар и Гереиро кои беа стрелци на погодоците. Првите двајца постигнаа по еден гол, додека Гереиро на двапати се радуваше ова попладне.

Од фаворитите, Лајпциг не успеа да победи на домашен терен против Фрајбург, или поточно, се извади да не загуби бидејќи гостите постигнаа гол во 93-та минута.

Сепак, по ВАР проверката, беше утврдено дека има милиметарски офсајд, па така остана конечен резулта 1:1.

На другите средби, Аугзбург загуби од Волфзбург 1:2, Фортуна и Падерборн одиграа 0:0, а Херта го победи Хофенхајм со 3:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни