Поврзете се со нас

Германија

Борусија го продолжи договорот на еден од најискусните играчи

Објавено

на

Foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд го дочекува последното бундеслигашко коло со предност во однос на Баерн Минхен и ќе оди на победа за да потврди прва титула по подолг период.

Раководството се надева на таков епилог и уште еден важен трофеј, а во меѓувреме го продолжи договорот со еден од ветераните во првиот тим.

Денеска, Борусија објави фотографии со кои потврди дека Матс Хумелс парафирал нов едногодишен договор, со што потврди дека не сака да му дозволи на искусниот дефанзивец да замине по 30. јуни, кога му истекуваше актуелниот договор.

– Многу сум среќен што Хумелс останува во нашиот клуб уште една година.

– Тој се идентификува со нашиот клуб, Борусија и Матс припаѓаат еден на друг, – истакнал Извршниот директор на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.

Со пауза од три сезони, Хумелс е дел од Борусија од 2007 година и има забележано 468 настапи за „милионерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни