Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Борусија го потврди составот за финалето на „Вембли“

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе се соочат во финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“, а двајцата тренери и немаа што премногу да калкурираат со составите пред дуелот за престижниот трофеј.

Карло Анчелоти го објави стартниот состав на речиси три часа пред натпреварот, а иако Един Терзиќ се задржа до протоколот и ги потврди стартните единаесет на нешто повеќе од еден час пред финалето, очекувано и во составот на бундеслигашот нема големи изненадувања.

На голот е Кобел, во одбраната Хумелс, Шлотербек, Риерсон и Матсен, во средниот ред Џан, Сабицер, Санчо, Брандт и Адејеми, додека најопасен за Реал би требало да биде Фулкриг.

Натпреварот започнува во 21 часот.

Анчелоти нема што да тактизира: Составот на Реал објавен неколку часа пред финалето

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни