Поврзете се со нас

Германија

Борусија Дортмунд со испробан рецепт, ангажираше 16 годишен вундеркинд кој веќе има сениорски настапи

Објавено

на

Foto: twitter.com/BVB

Од таборот на Борусија Дортмунд ја продолжуваат својата практика да ангажираат млади и перспективни фудбалери кои потоа ќе ги развиваат во својот тим, за на крај преку нивна продажба да извлечат милионски суми.

Такви беа случаите во минатото и со Џејдон Санчо и Џуд Белингем, кои на „Сигнал Идуна Парк“ стигнаа како „голобради“ момчиња, а се етаблираа како едни од најдобрите фудбалери на своите позиции.

За Санчо, Борусија заработи околу 80 милиони фунти од Манчестер Јунајтед, а за Џуд Белингем се очекува следното лето да инкасира и над 100 милиони фунти.

Сега, најнова аквизиција на „милионерите“ е  16 годишниот Жилиен Дуранвил кој денеска беше претставен како нов фудбалер на клубот.

Станува збор за деснокрилен офанзивец кој веќе има десетина настапи за сениорскиот тим на Андерлехт, од каде и реализираше трансфер во Борусија Дортмунд.

Иако има само 16 години, Дуранвил е член на репрезентацијата на Белгија до 19 години, а според многу фудбалски аналитичари, тој е еден од најталентираните европски фудбалери во својата генерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни